Националната галерија на Македонија (НГМ) доби грант од 91.000 американски долари од Амбасадата на Соединетите Американски Држави преку Амбасадорскиот фонд на САД за заштита на културата за 2018 година, за проектот „Санација на оштетувањата од влага (ентериер и екстериер), заштита од продор на атмосферска вода, заштита од УВ-зрачење и оградување на културното добро Чифте амам“.
Со проекција на филмот „Седмиот печат“, вечер во Музејот на современата уметност (МСУ) почнува дводневната филмска и видео програма „Препрочитување на Бергман”.
Владата на денешната седница ја разгледа Информацијата за потребата за основање нова национална установа „Гостиварски театар“ во Гостивар.
Античкиот локалитет Стибера кај прилепското село Чепигово, најпознат по мермерните статуи, на јавноста ќе ѝ претстави градски жртвеник. Прилепскиот завод и музеј првпат по пет години конзервира објект на локалитетот.
Од 2 до 27 ноември ќе се одржуваат 19. „Есенски музички свечености“ кои ги организира Дирекцијата за култура и уметност-Скопје (ДКУС). Покрај домашни учесници, ќе има и гостувања на музичари од Унгарија, Полска и од Србија.
Министерството за култура денеска потпиша договор за продолжување на полноправното членство на Република Македонија во Европската мрежа за литература и книги „Традуки“ во наредните две години 2019-2020. Договорот го потпиша министерот за култура Асаф Адеми со членови на Управниот одбор и на Програмската комисија на „Традуки“, кои во Скопје имаат тридневна работна средба.
Неопходна е посебна општествена поддршка на лицата со тешкотии во читањето поради постигнување рамноправност и вклучување во сите животни текови.
Членовите на Управниот одбор и на Програмската комисија на Европската мрежа за литература и книги „Традуки“ имаат тридневна работна средба во Скопје, во чии рамки денеска ќе биде потпишан Договор за соработка за периодот 2019/2020. На потпишувањето ќе присуствува и министерот за култура Асаф Адеми.
Слепите и слабовидните лица таму користат материјали со културни, образовни и други содржини во пристапни формати. Центарот располага со опрема за печатење книги со Брајово писмо и за издавање аудиокниги.
Кинотеката на Македонија денеска напладне ќе го одбележи Светскиот ден на аудиовизуелното наследство 27 Октомври. „Твојата приказна во движење“ е мотото под кое годинава низ светот се организираат изложби, проекции, предавања и слични настани.