Со настап на македонскиот блуз-бенд „Кросроуд блуз-бенд“ (Crossroad Blues Band), кој на сцената опстојува повеќе од две децении, вечер ќе почне тридневниот 22. „Блуз и соул фестивал“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност-Скопје. На фестивалот, кој ќе се одржува до недела во пивница „Стар Град“ (Темов) во чаршија, ќе гостуваат музичари од Србија, Белгија и Данска, по избор на селекторот Иво Солдатовиќ.
Македонската меѓународна ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ прва влезе во НАТО, а првата награда што ја добивме во 2003 година е составен дел на нашата галерија, изјави за МИА раководителот на детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола, Коста Хаџиантоновски.
Првиот ансамбл играорци на Културно-уметничкото друштво „8 Октомври“ од Крива Паланка ги претстави Македонската култура и фолклор на 82. Меѓународен фестивал „Бергама Кермеси“ во турскиот град Измир.
По повод 10 години од обновувањето на „Нова Македонија“, редакцијата на весникот денеска ќе промовира две книги - „Погледи кон светилникот“ на авторите Венко Андоновски, Билјана Ванковска, Александар Русјаков, Сашо Клековски, Ефтим Клетников и Ставре Џиков, и „Македонија во рингот“ на Александар Димковски, главен уредник на весникот.
Спомен соба посветена на легендата на македонската народна песна, кавадарчанецот Никола Бадев, наскоро ќе биде отворена во рамките на новиот музеј во Кавадарци.
Осумнаесет претстави од денеска до 28 септември ќе понуди програмата на 43. Меѓународен театарски фестивал „Млад отворен театар“. Ќе настапат повеќе од 200 артисти на осум сцени во главниот град.
Редистрибуција на богатството во општество поделено на многу богати и многу сиромашни е тема која ја отвора претставата „Блокбастер“ на белгискиот „Колектив Мензуел“ која задутре во МНТ ќе го отвори 43. Млад отворен театар.
Првата премиера на Македонскиот народен театар во новата сезона ќе биде на 29 септември - претставата „Еден месец на село“ од Иван С. Тургењев на италијанскиот режисер Паоло Маџели.
Дваесет и вториот „Блуз и соул фестивал“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност-Скопје ќе се одржува три дена претстојниот викенд во пивница „Стар Град“ (Темов) во чаршија. Изведувачите годинава се од Македонија, Србија, Белгија и Данска и се по избор на Иво Солдатовиќ кој втора година е селектор на фестивалот.
Министерот за култура Асаф Адеми присуствуваше на меѓународната манифестација „Турска поетска вечер Јахја Кемал Бејатли“, која, во организација на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), се одржа во Сули ан, во Старата скопска чаршија.