Претставата на прилепскиот театар „Клетници“ во режија на Мартин Кочоски се закити со награди на 26. фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кој заврши во Струмица, информираат од Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп.
Наградата за високо актерско остварување на 26. издание на фестивалот на Камерен театар „Ристо Шишков“ ја доби актерот Благоја Чоревски.
Со „Блокбастер“ - претстава со филмски кадри од 160 холивудски филмови, на 20 септември во Македонскиот народен театар ќе почне 43. Меѓународен театарски фестивал Млад отворен театар (МОТ) кој ќе се одржува до 28-ми месецов.
Македонскиот сатиричар кој живее и твори во Делчево, Миле Ѓорѓијоски е овогодинешен победник на најистакнатиот фестивал на хумор и сатира на Балканот – „Белосветски фестивал за хумор и сатира“ во Шабац, Република Србија. Фестивалот се одржува во рамки на манифестацијата „Шабачка чивијада” од 13 до 15 септември.
Десетина поети од Струмица и Благоевград, Бугарија денеска во рамките на настанот „Поетски дијалози“ читаа своја поезија.
Театарот за деца и младинци го подготовува за првиот македонски мјузикл за деца „Земја во која не се стигнува“ според текст на Оливера Николова, музика за деца компонирана од Александар Џамбазов и во режија на Виолета Џолева. Музички продуцент е Александар Митевски, кореограф е Кренаре Невзати, драматург на мјузиклот Маја Стефановиќ, а Дамир Имери е музички аранжер.
Во 14 фестивалски програми ќе бидат прикажани речиси 95 филмови на претстојниот 39. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, кој под слоганот „Симнуваме капа“ ќе се одржува од 22-ри до 29 септември.
Филмската и театарска актерка Милица Стојанова е добитник на наградата „Голема ѕвезда“ на Друштвото на филмските професионалци на Македонија (ДФПМ) и ќе и биде врачена на отворањето на 39. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола на 22 септември.
Во Кинотеката на Македонија, Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга и Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино од утре ќе се прикажува филмот „Хотел Југославија“ во режија на Никола Вањиер.
Со објавувањето на името на наградениот актер за високо актерско остварување вечер во Струмица завршува 26.издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“.