Со свечено дефиле на учесниците, фолклорни ансамбли од Северен Кипар, Турција, Србија, Бугарија и Македонија, низ главната улица во Крива Паланка синоќа беше отворен годинашниот Меѓународен фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“.
Последниот ден од АКТО фестивалот на современи уметности ќе биде одбележан со работилници за продукција на електронска музика, дизајн на омоти за музички изданија, а во 19 часот, во паркот на Офицерски дом ќе се одржи музички хепенинг под наслов „Акто земјотрес“.
Во рамки на 57. Струшки вечери на поезијата денеска ќе се одржи поетски портрет со годинашниот добитник на „Златен Венец“ Адам Загајевски во црквата „Света Софија“ во Охрид.
Општина Демир Хисар во рамки на културните манифестации како избран Град на културата во Македонија за 2018 година, денеска попладне во демирхисарското село Суводол ќе ја одржи манифестацијата „Манастирско поетско ехо“.
Поетот и преведувач Зоран Анчевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, за најдобро поетско остварување меѓу два фестивала за книгата „Небесна пантомима“.
Ленче Здравкин, активистка и хуманитарка од Велес и Омер Калеши, ликовен уметник со светска кариера и со потекло од Кичевско, се годинашни добитници на државната награда „Мајка Тереза“.
Три дена исполнети со концерти, инсталации, работилници, изложби, перформанси и филмови ќе бидат белег на јубилејниот десетти меморијален мултимедијален арт фестивал „Бош Фест“, кој од денеска до недела се одржува во Гевгелија во чест и почит кон прерано починатиот актер и поет Бошко Бозаџиевски.
Со традиционалната манифестација „Широк сокак во бело“ на која вечер ќе настапи македонската музичка ѕвезда Владо Јаневски, а утревечер познати ди-џеи, во Битола ќе заврши годинешното битолско културно лето „БитФест“.
Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2018 година на 57. Струшки вечери на поезијата ќе биде соопштен денеска на прес-конференција.
Италијанската и светски позната филмска актерка Клаудија Кардинале ќе учествува на свеченото отворање на 39 издание Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и во Битола лично ќе и биде врачена специјална златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност.