Во рамки на 57. Струшки вечери на поезијата денеска ќе се одржи поетски портрет со годинашниот добитник на „Златен Венец“ Адам Загајевски во црквата „Света Софија“ во Охрид.

На програмата е и поетско кафе со лауреатот, а ќе се одржи и симпозиумот „Изгубено/најдено во преводот“ и манифестацијата „Созвучја“.

Фестивалот завршува утре со манифестацијата „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“ на добитникот Адам Загајевски, „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија на Зоран Анчевски и „Мостови на Струга“ на Пауло Тапио, која СВП и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска книга.

На годинашните 57. Струшки вечери на поезијата учествуваат 30 поети од 29 земји и поети од Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2018 10:48