Како што најавија, посетителите ќе имаат можност да присуствуваат на пробата што се реализира во време кога процесот на подготовки е веќе во својата последна фаза. Подготовките за претставата се започнати во февруари и премиерата ќе биде наредната сабота, на 5 април.
Габор Холерунг од Будимпешта е успешен оркестарски и хорски диригент, добитник на наградата „Франц Лист“, а ја носи и титулата Заслужен уметник на Унгарија.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствуваше и се обрати на настанот посветен на 135 годишнината од раѓањето на д-р Анастас Коцарев, познат онколог во светот, роден во Македонија.
Во Театар Комедија вечер премиерно ќе биде прикажана претставата „Олд Сејбрук“ на Вуди Ален, во режија на Нина Николиќ
По добивањето на решението од инспекцискиот надзор на ДЗС, театарот во координација со Министерството за култура и туризам ќе чека задолженија колку и дали може да се отстранат недостатоците.
Слободанка Чичевска актерка на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ е добитник на театарската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2025 година што ќе и биде врачена во рамките на програмата на 4. Тетарски фестивал „5 РЕ“, кој што почнува в четврток.
Покрај МНТ, во натпреварувачката програма учествуваат и Загребачко казалиште младих, Црногорско народно позориште, Атеље 212, Југословенско драмско позориште, Српско народно позориште, Нови Сад и други.
Со премиера на претставата „Госпоѓа министерка“ во четврток вечер на големата сцена на Тетатарот„Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе започне четвртото издание на Театарскиот фестивал 5 РЕ посветен и во чест на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко родум од Велес.
Следниот ден, на 4 април, директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, патува во Атина, каде што, во чест на одбележувањето - 80 години МНТ, а во рамките на Европската театарска конвенција (ETC), ќе има официјално обраќање.
Факултетот за музичка уметност - Скопје соопшти дека во среда, 26 март, во Концертната сала на Факултетот ќе се одржи комеморација во чест на прерано починатата, вонредна проф. м-р Сара Пројковска – Николовска.