Во рамки на 11. Македонска книжевна визита во Софија денеска ќе биде доделена наградата „Македонски книжевен Дедал“ на бугарски автор-преведувач, за значаен придонес за афирмацијата на македонската литература во Бугарија
Министерот за култура Роберт Алаѓозовски престојува во работна посета на Пловдив, Република Бугарија, на покана на пловдивскиот градоначалник Иван Тотев и бугарското Министерството за култура.
Во присуство на истакнати македонски и бугарски поети, вечерва во салонот на Македонскиот културно-информативен центар (МКИЦ) во Софија беше отворена 11. Македонска книжевна визита - манифестација чија мисија е зближување на творците на убавиот збор од двете земји.
По речиси две години, македонскиот композитор, продуцент и пијанист Дуке Бојаџиев ќе има два концертни настапи во Македонската филхармонија. Концертот „Сон, верба, љубов“ ќе биде изведен утревечер со почеток во 19.30 часот и в сабота, во истиот термин.
Со звуците на Триумфалниот марш од Вердиевата „Аида“ и со традиционалниот фестивалски оган кој вечерва го запали првенката на Операта Весна Ѓиновска-Илкова, во Македонската опера и балет свечено беа отворени 46. Мајски оперски вечери.
Во малата сала на Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово денеска се одржа четвртата јавна расправа за рестартирање и ревитализација на Музичката продукција на Македонската радио-телевизија.
Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) и Здружението на издавачи на Македонија (ЗИКМ) ги наградија најдобрите изданија меѓу два саема на книгата во рамки на 30-тата манифестација која по шест дена завршува вечер.
Со учество на 10 македонски поети и писатели од сите генерации, од утре до 12 мај во Софија ќе се одржи 11-тото издание на „Македонска книжевна визита“, чија цел е афирмација на македонската литература во соседна Бугарија.
Издавачите се задоволни од годинашниот Саем на книгата кој завршува вечер, со оценка дека иако е на нова локација го задржал ланското ниво на посетеност, а во ВИП Арена „Борис Трајковски“ ги имале потребните услови.
Со премиера на операта „Боеми“ од Џакомо Пучини во режија на Дејан Прошев, вечер во Македонската опера и балет ќе почнат 46. Мајски оперски вечери.