Наградите во Собранието на Република Македонија ги додели Томислав Османли, претседател на Одборот за државната награда „Св. Климент Охридски“.
Учениците од државното музичко училиште „Тодор Скаловски Тетоец“ вчера одржаа традиционален концерт по повод патрониот празник, а во чест на Свети Климент Охридски.
Филмот „М“ на Вардан Тозија ја доби наградата за најдобар филм на њујоршкото издание на фестивалот „Dances with films“.
Во Музејот на романската литература во Букурешт денеска ќе биде одбележан Денот на македонскиот јазик.
Како што соопштија од Филхармонија, концертот претставува возбудлива музичка одисеја во која класиката создава паралелна приказна на големото филмско платно.
Ќе настапат Наде Талевска, сопран, Васко Здравков, баритон и Нико Ѓоргиевски, контратенор, заедно со хорот и оркестарот на НОБ.
Седмиот Светиклиментов научен собир на тема „Мисија и секуларизам“ ќе се одржи денеска во свечената сала на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Изложбата ја отвори доктор Стојанче Рамов, претседател на Совет на општината Кавадарци. Лицата на револуцијата, нагласи тој, се поединците што својот живот го посветија на македонската борба за слобода.
На денешната владина седница е усвоена информацијата од Министерството за култура за пренесување на правото за реконструкција на Универзалната сала, соопшти вечерва владината прес-служба.
Стогодишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов се чествуваше и на филозофските факултети при државните универзитети во Загреб и во Љубљана.