„Лица на револуцијата, внатрешна Македонска револуционерна организација низ фотографии 1893-1934", е насловена изложбата на Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски, што вечерва беше отворена во Музеј галеријата во Кавадарци.

Изложбата ја отвори доктор Стојанче Рамов, претседател на Совет на општината Кавадарци. Лицата на револуцијата, нагласи тој, се поединците што својот живот го посветија на македонската борба за слобода.

- Станува збор за револуционерно истражување на едно клучно поглавје во македонската историја, нагласи Рамов, додавајќи дека станува збор за изложба на фотографии, преку која ќе зачекориме низ историјата на македонската нација.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2023 05:57