Како што информира МНТ, сите посетители кои билетите ги купиле преку онлајн-системот ќе бидат директно контактирани и известени.
Во салата на Национаната опера и балет, на 9 декември ќе биде одржан концертот на ЗЏМ Биг Бендот насловен како „ЗЏМ свири Леб и сол“.
Во Културно-информативниот центар вечер од 19:19 часот ќе биде промовирана новата книга на Ферид Мухиќ - „Бигор шарпланинецот – приказни за пријателството и храброста“, објавена од Издавачкиот центар ТРИ.
-Авторот ќе ја чита својата поезија на македонски, а студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” ќе презентираат препеви на неколку странски јазици, соопшти Деканатот на Филолошкиот факултет.
На предлог на Министерството за култура, Владата денеска на седница донесе Одлука за основање национална установа „Спомен-куќа на Мустафа Кемал Ататурк“ во Коџаџик, општина Центар Жупа.
- Во Библиотеката на градот Белград вечер ќе се одржи промоција на книгата „Срма за Ацо Шопов“. Издавач е Здружението „Македониум“ од Белград.
Изложбата „Сребрена Тракија“ е значаен чекор напред во веќе воспоставената соработка меѓу нашата земја и Бугарија, за зачувувањето на културното наследство кое истовремено е и заедничка европска вредност.
Костадиновска-Стојчевска и Крастев изразиле задоволство од одличниот прием на бугарската јавност на изложбата „105 години Требениште“, која неодамна беше отворена во Софија.
Во рамките на 48.издание на фестивалот МОТ, вечер на репертоарот ќе бидат театарските претстави од селекција за наградата Биш. На малата сцена на МНТ ќе биде прикажана претставата „Бакхи: Агава“, а во МКЦ ќе бидат прикажани „Спасени“ и „Кенди“.
„Види, летам!“ на Вондерленд театар е поддржан од Висок комесаријат на ООН за бегалци (УНЦХР) и Младински образовен форум (МОФ).