Националната установа Народен театар - Битола денеска го одбележува 14 ноември, денот кога во 1944 година, веднаш по ослободувањето на градот, е формиран првиот македонски народен театар.
Во Музејот на македонската борба вечер традиционално годишен концерт ќе одржи мандолинскиот оркестар „Скопје“, под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри.
Во ликовниот салон на МАНУ денеска ќе биде отворена изложбата „Од уметничко наследство на Дебарско-мијачките зографи“.
Две нови книжевно-теориски изданија се објавени во едицијата „Перископ“ на издавачката куќа „Бегемот“. Се работи за теориско-есеистичката книга „Свет зад светот“ на професорката Лидија Капушевска-Дракулевска и есеистичката книга „Песнапат“ од професорот Владимир Мартиновски.
Промоторка на книгата беше универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, минатогодишна добитничка на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје.
Во Археолошкиот музеј на Република Македонија во Скопје утре ќе биде отворена изложбата „Сребрена Тракија“, која е прво целосно претставување на тракиската култура во земјава.
Претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“ по текст на Филип Грујиќ, во режија на Борис Василески, ќе биде изведена вечер во 20 часот на малата сцена на Македонската опера и балет во Скопје.
Неделава конзерваторите од Националниот конзерваторски центар низ повеќе локации во државата ги запознаа колегите од Франција со конзерваторските работи кои се во тек, како основа врз која во иднина може да соработуваат.
Во рамки на овогодинешниот МОТ денеска на сцената „Фросина “ во МКЦ ќе биде одиграна претставата „Дрво низ времето“ во авторство и режија на „Колектив Ветерница“.
Низ ликовите на сестрите, дедото, животните и џинот, приказната дава поука за вредностите во животот, како другарството, искреноста, измамата, предрасудите но и почитта кон постарите.