Станува збор за иконата „Свети Атанасиј“ и „Свети Харалампиј“, двете изработени во 1855 година, како и „Свети Никола“ изработена во 1859 година.
Режисерот Деан Дамјановски за МИА, по претставата, потенцира дека бидејќи во оваа несекојдневна претстава актерите треба да бидат многу прецизни, нивната изведба била над неговите очекувања.
Се посочува заштитата на локалитети од културното наследство кои се од особена важност, како Охридското Езеро и Старата скопска чаршија.
Издавачката куќа „Табахон“ информира дека поезијата во книгата „Додека тонеме во мрак“ изразува копнеж за враќање на вистинските вредности надвор од просторот на егзистенцијалната празнина и тегобност.
Изложба на фотографии „Вевчански бајки и кошмари“ од Александрос Вретакос вечер ќе биде отворена во Галеријата „Рудиќ“.
Темата на операта е тешката историја на еврејскиот народ, нападнати и поразени, протерани од својата татковина, иако историските настани се користат само како позадина на романтичниот и политички заплет.
Престижната британска издавачка куќа „Лин Рекордс“ денеска го издаде двојниот албум на кој пијанистот Симон Трпчески повторно свири со Симфонискиот оркестар на WDR од Келн, Германија, под диригентство на Кристијан Мачелару.
На средбата, како што соопшти Министерството за култура, станало збор за традиционално добрата и континуирана соработка меѓу двете држави, која се одликува со размена на голем број проекти и активности.
Средба со театарскиот продуцент Душан Пернат во просториите на Факултетот за драмски уметности Скопје, како и изведба на театарската претстава „Слугинки“ се дел од денешната програма на 48.издание на Меѓународниот театарски фестивал МОТ.
По повод 100 години од раѓањето на македонскиот класик Ацо Шопов, издавачката куќа „Дијалог“ ја објави книгата „Од онаа страна на Небиднината: разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов“ од Иван Антоновски.