Оркестарот на Македонската филхармонија вечер со почеток во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Наостри ги сетилата“ на кој како солист на усна хармоника ќе настапи Роберт Бонфиљо од САД, а диригент е Борјан Цанев.
Актерката Ангела Стојановска синоќа ја изведе својата монодрама „Срам“ на малата сцена на велешкиот театар, со која ја прикажува женската оптовареност со прекумерната тежина и други срамови и проблеми на понежниот пол во денешницата.
Во претставата играат: Мирјана П. Ристов, Роберт Ристов, Изабела Јакимова и Радо Алексовски. Продукцијата е на Театар Провокација – Скопје. Автори на музиката се Оливер Јосифовски и Давор Јордановски.
Главни критериуми за избор, како што се наведува, се: квалитетот на преводот и оригиналноста и квалитетот на драмскиот текст. Можат да се достават и преводи на драми што биле претходно објавени или изведувани.
Културно-информативниот центар денеска ќе ја одбележи 80-годишнината од ослободувањето на Скопје со настанот „Поетот и градот“. Настанот ќе се одржи во салонот Империјал 2 со почеток во 12 часот.
Претставата „Едвард Втори“ е работена според текст на Сашо Димоски и Андриј Жолдак, а режијата е Андриј Жолдак.
Народноослободителна борба во Куманово (1941-1944) година е историско-документарно сведоштво за клучните настани кои се случиле во Народноослободителнота борба на македонскиот народ во текот на Втората светска војна.
Овој настан е во рамки на „Скопје дизајн вик“, кој завршува в недела со забава во Литертура.мк во Дајмонд мол со DJ Дарко Марковски.
Организаторот на настанот најавува атрактивна програма, специфичност на составот и инструментите и професионалност на уметниците кои, како што наведува „беспрекорно се претставуваат низ државата и пошироко“.
Грозданоски подвлече дека Оливера Николова ни остави огромно дело, кое полека го освојува светот и сведочи за нас и нашата култура.