Во рамки на Фестивалот „Златна лира 2023“ во Музејот на македонска борба концерт вечер концерт ќе одржат Александра Коцевска - мецосопран и пијанистот Глигор Гелебешев.
Во Камерната сала на Филхармонија вечер со почеток во 19 часот ќе се одржи последниот концерт од годинашното издание на фестивалот „Денови на македонска музика“ кој ќе биде посветен на делото и творештвото на неодамна починатиот македонски композитор Љубомир Бранѓолица.
Централната свеченост по повод државниот празник 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, ќе се одржи вечер во свечената сала на битолскиот Офицерски дом.
„Во замрзнувач: Диретисимата Вокер“, Франција, „До планините и назад“, Канада и „Подземје“, Канада, вечер во Кино Фросина, МКЦ, го отвораат 14. издание на ЕХО фестивалот за планински филм.
Трпчески, Краповски, Сомов, Мамудов и Нушев денеска ќе настапат во Сомбор, Србија, утре во концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб, Хрватска, на 26 октомври се враќаат во Србија за гостувањето на Фестивалот НОМУС во Нови Сад, заокружувајќи ја серијата со концерт во Темишвар, Романија, на 28 овој месец.
Поетесата Делвина Крлуку, која е член на Друштвото на писателите на Македонија, порачува ДПМ да ја зачува традицијата и да ја издигне културата и уметноста на заслужното место.
Бери Гај е основач и уметнички директор на London Jazz Composers Orchestra и на BGNO (Barry Guy New Orchestra).
Тој за МИА од Њујорк вели дека изложбата е со наслов „INNER FEELINGS“, а е отворена од вчера во Македонскиот културен центар во Њујорк. На изложбата се претставени осум скултури во мермер и бронза.
Соло рецитал на џез пијанистот Џејсон Моран, настап на „американското чудо“ Џоел Рос и перформанс на „Rite“, ќе понуди третата вечер на Скопскиот џез фестивал (СЏФ).
Водич за аплицирање на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2024 година, објави Министерството за култура.