На програмата се Концертот за виолина и оркестар бр. 2 од Бела Барток и Извадоци од балетот „Ромео и Јулија“ од Сергеј Прокофјев.
Фестивалот утре вечер ќе се отвори со прикажување на филмот „Вратената“ во режија на Џузепе Бонито, снимен според истоимениот роман на Донатела ди Пјерантонио, во киното „Милениум“.
„Сега имаме дефицит на кадар бидејќи тие професии не станале доволно атрактивни за студентите“, рече Костадиновска-Стојчевска.
Музејот „Гансу Џијанду“ во северозападната кинеска покраина Гансу отвори четири интернет-изложби поврзани со древната Џијанду-култура. Називот „Џијанду“ се однесува на бамбусовите или дрвени листови на коишто Старите Кинези пишувале со четки и мастило пред да се измисли хартијата.
„Фирма“ по текст на реномираниот германски автор Роланд Шимелфенинг и во режија на Нела Витошевиќ, е првата претстава на фестивалот кој го поврзува театарскиот живот на регионот.
Станува збор за дистописката приказна за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила.
Скопје ќе биде домаќин на над 2000 танчери од повеќе од 20 земји од светот на Светскиот шампионат во латино танц, што ќе се одржи од 6 до 10 ноември оваа година.
Филмот ќе има две проекции на 18-ти и 20-ти октомври и се натпреварува во престижната програма на Централна и Источна Еврoпа.
Најновата поетска збирка „Мед и младост“ на писателката Гордана Михаилова Бошнакоска ќе биде промовирана вечер во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје.
Во КЦ Магаза во Битола вечер ќе биде отворена изложбата „Кондаков во Македонија (1900 година)“, во организација на ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје.