Во КЦ Магаза во Битола вечер ќе биде отворена изложбата „Кондаков во Македонија (1900 година)“, во организација на ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје.

Изложбата претставува дел од проектот „Археолошко патешествие: дигитализација, презентација и промоција на збирката фотографии од научната експедиција на Н. П. Кондаков во Македонија, од 1898 до 1900 година“.

Проектот е реализиран од страна на ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“, со поддршка на Министерството за култура, во рамките на годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности во културата за 2023 година.

Автори на изложбата се доц. д-р Емилија Апостолова Чаловска и проф. д-р Јасминка Ристовска Пиличкова.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2023 07:11