Изминаа 47 години од смртта на Никола Бадев, големиот народен уметник, легендата на македонската изворна народна песна, потсетија денеска од Музеј галеријата во Кавадарци.
Пред стотина посетители во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје синоќа се одржа „Отскочна даска #2“, преднастан на Скопскиот поетски фестивал, наменет за млади поети и поетеси на возраст од 16 до 25 години, со што неофицијално почна третото издание на фестивалот.
Пред многубројната публика се обрати директорот на фестивалот Илбер Нуредини, кој манифестацијата ја прогласи за отворена. Како што рече Нуредини со изборот на претстави и ова издание убеден е дека ќе ја потврди својата успешност.
Квинтетот го сочинуваат: Елена Дојчинова - флејта, Владимир Лазаревски - обоа, Здравко Ангелов - кларинет, Горан Јанев - хорна и Ванчо Стојановски - фагот.
Шест познати и признати светски кинематограферки денеска во Битола зборуваа за нивните патувања, предизвиците и за триумфите кои ги имале работејќи како кинематограферки.
На сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа македонската музичка група која изведува етно-музика, „Љубојна“, одржа целовечерен концерт.
Под мотото „Прекрасното непознато“ Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 44. издание.
Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ и романската виолинистка Ирина Мурезану ќе настапат вечерва во Новосадската синагога.
Во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) е промовиран поетски избор „Јужна ѕвезда” од академик Влада Урошевиќ, објавен неодамна во Москва на руски јазик.
Во Драмски театар од 3 до 8 октомври ќе се одржи театарскиот фестивал „РУТА“, кој претставува Регионална унија на театри, составена од шесте театарски куќи од регионот, МГЛ Љубљана, Театарот Улисис, Загреб, Камерен театар 55 од Сараево, Градски театар од Подгорица, Драмски театар од Скопје и Белградско драмско позориште.