- На сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа македонската музичка група која изведува етно-музика, „Љубојна“, одржа целовечерен концерт.

Групата „Љубојна“ ја одушеви прилепската публика со својот настап, емотивно изведуваќи ја музиката со етно-елементи.

Повеќе од 20 години „Љубојна“ работи на проекти што се засноваат на истражувања на македонската музика и култура.

Групата е зад повеќе проекти, перформанси, музика за филмови и настапува во светот со разновидни мултимедијални претстави.

„Љубојна“ досега има објавено девет албуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2023 21:22