Филмот ќе биде прикажан како дел од програмата „Специјална селекција“ во Центарот за култура на 25 септември.
Во Ликовниот салон во Велес вечерва во 20 часот пред велешката публика ќе се претстави со пијано рецитал младиот 21-годишен италијански пијанист Алесио Фалчани. Влезот за сите љубители на класичната музика е бесплатен.
Со прикажување на македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ на режисерот Горан Столевски, утре во Битола почнува 44. издание на Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот ќе се одржува до 29 септември, под мотото „Прекрасното на непознатото“ (The Beautiful Unknown), а годинава се очекуваат 400 гости.
Во Кинотеката денеска и утре со почеток во 19 часот ќе се одржува 9. Меѓународен фестивал на етнографски филм - ЕТНОФФ, кој годинава ќе прикаже десет филма од Португалија, Белгија, Унгарија, Бугарија, САД, Словенија и од нашата земја.
Комедијата „Обвинителка“ во изведба на Театар „Хит“ вечер ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет.
На јубилејниот фестивал, кој што традиционално е ревијален и нема натпреварувачки карактер, ќе настапат девет театри од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и нашата земја.
Во Музејот на Македонија денеска со ревијата на етнолошки документарен филм ќе биде означен почетокот на Европските денови на културното наследство 2023.
Кратењето на финансиите е поради ребалансот на буџетот, кој е во собраниска процедура, а го спроведува Секторот за финансии во Министерството за култура
Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари. Тоа е единствената вистина, рече на денешната прес-конференција министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, во одговор на новинарско прашање.
Балканската конференција на кинематографери која ќе се одржи во Битола, за време на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе промовира документ Манаки Манифест, изјави на прес конференција директорот на фестивалот Симеон Мони Дамевски.