Како што соопшти ФХЕМ, целта на манифестацијата е приближување и подобро запознавање со еврејската култура. На годинашните „Европски денови на еврејска култура“, Еврејската заедница во земјава учествува по 17-ти пат со настан на зададена тема „Спомени“ .
Трето издание викендов имаше Лешочкиот камерен музички фестивал. Како и претходните два, така и овој се одржа во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј“ во Лешок.
Промоцијата на поетската збирка „Театар на сенки“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ е дел од богатата понуда на Град Скопје – кандидат за европска престолнина на културата за 2028 година.
Како што информираат од „Арс Ламина“, промотивниот разговор со Јанчар ќе се однесува на романите „Таа ноќ ја видов“ и „И љубовта“, кои се објавени на македонски јазик под импринтот „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
Со наслов „Носталгија” вечерва во ЈУ Младински културен центар ќе биде отворена изложба на ликовниот уметник Драган Гелев.
Наградата во рубриката Хоризонти, каде што е селектиран „Бизнисот на задоволството“, е наменета за проекти кои се истакнуваат со специфична и важна тематика, а притоа имаат висококвалитетна музика и звук.
На конкурсот пристигнаа 54 пријави, а интерната жири-комисија составена од членови на управниот одбор и на организацискиот одбор на фестивалот го направија изборот.
КУД „Кирил Пејчиновиќ“-Теарце прв пат организираше мултиетнички концерт со настап на повеќе културно уметнички друштва кои го негуваат фолклорот на народот на кој припаѓаат.
Во кафе-книжарница „Буква“ во рамки на фестивалот „АртАреа / Артерија ќе се одржи седмото издание на „Поетска епизода“ во организација на неформалното здружение за култура „Култура Бета“.
Со гостите писатели ќе разговараат Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски.