На средбата писателот Никола Шимиќ – Тонин најави уште едно скорешно гостување на Османли во Хрватска, овој пат на книжевната манифестација во Задар, каде ќе му биде врачена реномираната литературна награда „Donat“
Филм на двајца режисери од Иран и Израел е прикажан на Филмскиот фестивал во Венеција. Се работи за соработката на филмаџии од „заколнати“ непријателски земји.
Излезе од печат првото издание на книгата „Дамари 1“ од македонскиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски. Книгата содржи 1200 афоризми и претставува сатирична слика за состојбата во државата, односите меѓу луѓето, машко-женските односи, спортот, политиката...
-Публиката е одлична, театрот ви е врвен, звукот во театарот е одличен, акустиката совршена, а ние уживавме во концертот, вели Бочиќ.
На „Дефрагментација“ се претставени 96 дела од 86 уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка. Куратори се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.
Свеченото отворање е вечер, во Музејот на град Шибеник, а ќе присуствуваат истакнати личности од општествениот живот на Хрватска и Македонија.
„Македоника литера“ деновиве ја објави мемоарската книга на холандско- британската новинарка и преживеана еврејка во холокаустот Селма ван де Пере со наслов „Се викам Селма“, во превод од англиски јазик на Елена Саздовска.
Директорот на ИФФК „Браќа Манаки“ Симеон Мони Дамевски на денешната прес конференција го објави добитникот на Специјална Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност на 44. Фестивалско издание што ќе се одржи од 23 до 29 септември.
Пендаровски потсети на двете значајни годишнини - 120- години од излегувањето на книгата „За македонцките работи“, на Мисирков како едно од најзначајните дела на нашата јазична, културна и воопшто национална историја, и 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.
Македонскиот Центар за истражување на предисторијата информира дека во рамки на нивни истражувања добиле потврда за најстарото потекло на леќата и грашокот во Европа.