Со претставата „Мојот маж“, Драмскиот театар Скопје денеска ќе гостува во Хрватска, на Бриони, во рамките на летното издание на регионалниот театарски фестивал РУТА, што се одржува во организација на Театарот Улисис.
Третото издание на Фестивалот на нем и класичен филм започнува денеска и ќе трае до 4 септември во Кинотека.
Учесниците треба да се на возраст од 16 до 25 години и да испратат куса биографија и две свои песни на мејлот contact@spf.mk.
Документарниот филм „Среќна 13“ посветен на ликот и делото на легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски – Буштур доби награда за најдобра режија на Меѓународниот фестивал за спортски филм што годинава по 12 пат се одржа во Златибор.
Мотото на СВП годинава беше „Чувствотворен јазик“ и настапија повеќе од 25 странски и 40 домашни поети од различни генерации.
Во рамки на годинашното издание на „Верона Шекспир Фринге“ фестивалот во Италија, вечер, на сцената на театарот „Камплој“, ќе се изведе претставата „Лејди Магбет“ во кореографија на Рисима Рисимкин со Скопје танцовиот театар.
Завесата на ФКТ „Ристо Шишков“ ќе ја кренат актерите од Велешкиот театар „Ј.Х.Џинот“ со претставата „Татко“ од Флоријан Зелер, во режија Ненад Витанов.
Интересот за изучување на македонскиот јазик во Тирана е голем, како кај македонското малцинство, така и воопшто во албанското општество, меѓу новите генерации филолози.
Утре е последниот фестивалски ден, кој ќе биде одбележан со „Поезија на пат“, поетско читање во Домот на културата „Наум Наумовски Борче“ во Крушево, а фестивалот официјално ќе заврши со Меѓународен поетски митинг на платотот пред Музејот на современа уметност во Скопје.
Честитајќи му на Урошевиќ за наградата „Златен венец“, претседателот Пендаровски истакна дека му претставува посебна гордост, што годинава, еден од најпознатите македонски книжевни и културни дејци е носител на ова најзначајно меѓународно признание во светот на поезијата.