Познатата македонската актерка и продуцент Лабина Митевска е добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија, што традиционално секоја година ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија.
Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција - Скопје ќе биде дистрибуриран на територија на САД, преку компанијата „Focus Features“.
Странските македонисти ќе имаат можност и подетално да се запознаат со достапните дигитални ресурси за македонскиот јазик, со темата „(Макро) синтаксичките карактеристики на говорениот македонски јазик во медиумите“.
Според предвиденото, деца од детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола во текот на денот ќе творат на различни локации низ Вевчани, а вечер нивните дела ќе бидат изложени во дворот на Мултикултурниот центар.
Годинешната фестивалска програма „Охридско лето“ ја продолжува со содржина од музичкиот дел, со концерт на нашата реномирана пијанистка, Мимоза Ќека.
Во Струмица вчера заврши 60. издание на Меѓународната струмичка ликовна колонија на која уметници од земјата и странство создадоа четириесет нови дела.
Изложба на победничките фотографии од глобалниот конкурс „Вода=живот“ организиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија вечер ќе биде отворена во просториите на Касарна Хаб Охрид.
Наградата за уметнички израз ја доби авторскиот тим Марко Николиќ/Марко Стојановиќ од Србија за стрипот „Господари и слуги“. Награда за најдобро сценарио доби Младен Ољача од Србија за стрипот МY NAME IS.
Настанот традиционално ќе се одржи на сретсело, во Велестово, во 21 часот, а потоа ќе биде отворена и изложба на уметникот Тони Попов во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велестово.
За наградената стихозбирка наведува дека нуди „малку поинаква поетика“ и дека „ерудитивноста на Русјаков и неговите широки познавања на уметноста во сите нејзини форми и карактеристики создава една синкретична поезија“.