Во Струмица вчера заврши 60. издание на Меѓународната струмичка ликовна колонија на која уметници од земјата и странство создадоа четириесет нови дела.
Во изминатите десет денови уметниците твореа во масло и акрил на платно, скултура во дрво, фотографија и мозаик.
-На годинашната колонија учествуваа 20 уметници од Романија, Турција, Грција, Србија и Македонија. Во рамки на колонијата по 30 пат работеше и мозаичката работилница, на која се создадени две нови дела, рече Александар Филев, раководител на Уметничката галерија.
Досега на Меѓународната струмичка ликовна колонија учествувале 1.600 уметници, кои создале над 2.800 дела.
Делата од годинашната Меѓународна струмичка ликовна колонија ќе бидат ставени на показ на јавноста на изложбата на 11 септември, на Денот на ослободувањето на Струмица.