Претставата е копродукција на Драмски театар - Пловдив и театарот „Јордан Хаџиконстантинов - Џинот“ од Велес. Претставата е дел од официјалната програма на фестивалот „Охридско лето“ и се реализира со поддршка на БГКИЦ и на Министерство за култура на Република Северна Македонија.
Според оцените на проф. д-р Димитар Пандев, во оваа книга, Антоновски прецизно го чита Конески и го чита тестаментално, како што се чита послание срочено од престижна јазикотворечка личност.
Под мотото „Вдишете ја магијата на филмот“ вечер почнува четвртото издание на Галичник филм фестивалот, што ќе трае до недела, 6 август.
Во чест на големиот празник 2 Август, ликовниот уметник Киро Урдин отвори монументална изложба во Букурешт, во големата сала на Парламентот на Романија.
Од утре до 8 август во амфитеатарот во Струмица ќе се одржи 18. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, во знакот на новите тенденции во краткометражен, документарен и авторски филм.
Меѓународната ликовна колонија „Куманово 2023“ почнува утре и ќе учествуваат дванаесет академски ликовни уметници од повеќе држави, информираа денеска од националната установа Музеј Куманово.
Според ликовниот критичар Владо Ѓорески, уметникот Макаријовски создава своевиден творечки фундус од чија повеќенасочна збирка, почнува да дестилира свој израз со специфична поетика.
Филмот е во продукција на Петра Селишкар со „Петра Пан Филм“ од Словенија, копродукција на Сара Ферро од македонска продуцентска компанија ППФП и Тамара Бабун од „Волфганг и Доли“ од Хрватска. Придружен продуцент е Виктор Еде од „Синефаж продукција“ од Франција.
Како што информираат денеска од Државниот архив, изложбата содржи над 300 архивски документи и фотографии прикажани на 20 изложбени паноа. Документите се дел од архивските фондови што се чуваат во Државниот архив, а се преземени од архивите во Истанбул, Софија и Белград.
Во Атина почна снимањето на долгометражниот игран филм „Ритам на животот“ по сценарио на Америса Баста и Димитрис Накос од Грција, во режија на Баста, а во ко-продукција со „Круг филм“ од Скопје.