Во чест на големиот празник 2 Август, ликовниот уметник Киро Урдин отвори монументална изложба во Букурешт, во големата сала на Парламентот на Романија.

На изложбата, Урдин презентираше 60-тина дела во техника масло.

Со оваа изложба и неговите последни самостојни презентации на уметничките дела во Kloser Contemporary Art - Кина (2108), Online MM Gallery Brussels - Белгија (2020 и 2021), De zwarte Ponter - Антверпен - Белгија (2022), Amodlozi Gallery - Мајами - САД (2023), тој уште еднаш го потврди својот статус на уметник од светски ранг.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2023 04:44