Македонската писателка Лидија Димковска ќе учествува на виртуелниот поетски настан „Глобална поетска серија“, што ќе се одржи в сабота (16 јануари) во култното „Њујоршко поетско кафуле“
Националната опера и балет информира дека Мицко Дамњановски е назначен за нов уметнички раководител на Операта
„Врба“ на Милчо Манчевски, кој е македонски кандидат за Оскар за 2021-ва, ќе се прикажува во кината, на телевизии и на стриминг-платформите низ САД. Дистрибутер е „Кино Лорбер“, еден од најреномираните на уметнички филмови во САД
European Film Promotion оваа година ја избра македонската актерка Сара Климоска како една од десетте европски актерски откритија – European Shooting Stars 2021
Традиционалниот концерт по повод празникот Василица ќе се одржи денеска и утре со почеток во 20 часот во Националната опера и балет
„Регионалната мрежа за културна разновидност” (Regional Network for Cultural Diversity – READ) отвори прв повик за апликации. Се работи за регионален проект финансиран од ЕУ чија цел е да им овозможи на граѓанските активисти да ги зајакнат демократските вредности и да придонесат кон интеркултурна толеранција со посебен фокус на младите
Младинскиот културен центар објави повик до сите негови сегашни и минати соработници и до поединци што имаат лична или туѓа приказна поврзана со МКЦ да ја раскажат преку писмо насловено „Драг МКЦ“ и да ја пратат на адресата на оваа институција
Годината што остана зад нас беше поинаква за сите, но со посебно горчлив вкус ќе ја паметат културните работници и уметници кои поради пандемијата се збогуваа со сценските настапи
Излезе од печат публикацијата „Цареви Кули-Струмица (Од праисторијата до Римското Царство)-Книга прва“, која е плод на истражувањата во последните петнаесет години на еден од најпрепознатливите белези на Струмица, арехеолошкиот локалитет Цареви Кули
Синоќа, на 7 Јануари, во рамките на официјалната селекција на Интренационалниот фестивал на краток филм во Турција, Anatolian Short Film Festival, беше прикажан филмот Константин Плевнеш, Човекот гулаб