Деветнаесет уметници од земјава и од странство почнаа да ги создаваат своите дела на 15-та меѓународна ликовна колонија „Марко Цепенков - Дрен 2023“ што до 23 јули ќе се одржува во Прилеп.
- Научен труд посветен на уникатен споменик од манастирот „Свети Наум“ во Охрид на авторите Никос Чаусидис и Игор Ефтимовски од Филозофскиот факултет во Скопје е објавен во меѓународното списание „Studia Mythologica Slavica“ што го издава Научно-истражувачкиот центар на Словенечката академија на науките и уметностите.
„Македоника литера“ ја објави новелата „Во главата на Бруно Шулц“ на современиот германски писател Максим Билер. Преводот од германски на македонски јазик е на Софија Поповска.
Националната галерија во објектот Чифте амам утре отвара изложба под наслов „75 / 75“ со почеток во 20 часот.
„Земјотресна недела“ се насловени серија настани кои ќе се организираат во Културниот центар Бруталиск за одбележување 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.
Со македонската премиера на „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски, вечерва во МКЦ парк во 21 часот, завршува 22-от CINEDAYS.
Издавачката куќа „Матица македонска“ ја објави книгата „За македонските работи“ од Крсте Петков Мисирков, со што ја одбележува 120-годишнината од појавата на капиталното дело за македонскиот јазик.
Во рамки на Српската вечер на „Охридско лето“ вечерва на сцената „Долни Сарај“ ќе настапи афирмираниот виолинист Немања Радуловиќ, заедно со ансамблот „Дабл сенс“.
Во галеријата на КИЦ на Република Македонија во Софија денеска, со почеток од 18:30 часот, ќе биде отворена изложбата на скулптури со наслов „Внатрешен сјај“ на Александра Богоеска. Делата од изложбата се изработени од камен, а поконкретно од мермер и травертин.
Стручната комисија која одлучуваше по пристигнатите проекти годинава во услови на глобална економска криза и намален Буџет, беше исправена пред предизвикот да се направи квалитетна и коректна селекција на пристигнатите проекти.