Во врска со реакциите на Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, за Решението од Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен со кое Жалбата за доделените средства за „Романот на годината“ за 2022 година им се одбива, заради правилно информирање на јавноста сакаме да потсетиме дека, само во делот на Конкурсот за литература и издавачка дејност, беа поднесени над 1.200 пријави за публикации (книги – авторски и преводи, изданија за деца, списанија и електронско издаваштво), како и над 70 пријави за манифестации (литературни фестивали, награди,конкурси, работилници и сл.).

Стручната комисија која одлучуваше по пристигнатите проекти годинава во услови на глобална економска криза и намален Буџет, беше исправена пред предизвикот да се направи квалитетна и коректна селекција на пристигнатите проекти. Притоа се водеше сметка да се постигне разновидност, да не се наруши традицијата во случај на манифестациите, едициите, одбележувањето на значајните јубилеи, како и, во однос на предложените манифестации, да бидат задоволени потребите на граѓаните за квалитетни културни настани во државата.

Во тој контекст стручната комисија, водејќи се од овие начела и ценејќи го значењето на бројните манифестации, без никакви намери, особено не тенденциозни внимаваше на правилна распределба согласно актуелните состојби. При тоа уште еднаш нагласуваме дека Министерството за култура учествува во поддршката на проектите, а не во нивното целосно финансирање. Значењето на Манифестацијата „Роман на годината“ е неспорно и затоа и оваа година доби поддршка во избраните проекти на Годинешниот конкурс. Со почит,

Министерство за култура



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2023 04:39