Слободан Маруновиќ актер од Црна Гора, е годинашен добитник на наградата „Актер на Европа“ која во Ресен ја доби за улога во претставата „Последниот час на Његош“, работена по текст на Слободан Томовиќ, а во режија на Благота Ераковиќ, проект на Народниот театар од Подгорица.
Изложбата на дигитални слики „Особеност“ на Игор Поп Трајков беше отворена во понеделникот во галеријата КО-РА при ЈУ Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје и ќе трае до 20 јули.
Охрид од вечерва се до 20 август ќе живее со уметноста, преку содржините на програмата на 63. издание на најголемата и најпознатата културно-сценска манифестација во земјата - Фестивалот „Охридско лето“.
Оливер Андреевски и Елисавета Булоска годинава се младоженец и невеста на Галичката свадба што ќе се одржи на 14, 15 и 16 јули во Галичник на планината Бистра. Токму оваа година, Галичката свадба одбележува 60 години од нејзиното одржување.
Програмата на годинешната културна манифестација „Галичка свадба“ официјално ќе биде презентирана денеска во Пивара Скопје.
Со македонската премира на долгометражниот игран филм на Вардан Тозија - „М“, в четврок во паркот на МКЦ во Скопје ќе биде отворено 22. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“
Кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ ги повика академските скулптори да се пријават за биеналната изложба „Скулптури на новото време 2023“.
Со околу 23 000 монети од различни историски епохи, почнувајќи од почетокот на V век пр. н. е. до денес, Музејот на Народната банка располага со најголемата јавна нумизматичка збирка во државава.
Во Србија деновиве излезе од печат избор од поезијата на Веле Смилевски под наслов „Песната палимпсест“.
Европскиот писателски совет (EWC), најголема европска федерација на писателски асоцијации со седиште во Брисел, годинава на 4 јуни во Берлин одржа Генерално собрание на кое едногласно беа примени 5 нови членки.