Програмата на годинешната културна манифестација „Галичка свадба“ официјално ќе биде презентирана денеска во Пивара Скопје.

Воедно ќе бидат претставени и годинешните младенци, облечени во традиционалните галички свадбарски носии.

На прес-конференцијата ќе се обратат Александар Костиќ од МЗ „Галичник“, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и претставничка на Пивара Скопје, долгогодишен партнер на манифестацијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2023 07:17