Триесет и седум преведувачи од 16 издавачи и едно приватно издание се номинирани за наградата „Драги“ за најдобар превод на македонски јазик.
Реномираната руска издавачката куќа Центар за книга „Рудомино“ обjави нова поетска книга на академик Влада Урошевиќ по повод неговото прогласување за добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година.
Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ вечер ќе биде отворена изложбата „Метаморфози на просторноста“ на уметникот Јован Наумоски.
Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ на 4 јули се претстави на 12-тиот фестивал „Мирослав Крлежа“ во Загреб со претставата „Глембаеви“ во режија на Бранко Брезовец.
Во рамките на музичката програма на Фестивалот Скопско лето 2023, утре во 20:30 часот во фоајето на Националната опера и балет, ќе настапат пијанистот Уве Матшке и виолинистката Данае Папаматеу – Матшке од Грција со изведба на дела од класична музика за виолина и пијано од истакнати грчки композитори.
Доближување на децата до книгата е целта на завршниот дел на проектот „Книгата другар на децата“ што деновиве го реализира НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.
АЗАС е единствената македонска организација за колективно управување со авторските и сродните аудиовизуелни права во републикава во согласност со ЗАПСП, која ги вклучува авторите, изведувачите и филмските продуценти под еден покрив.
Со доделување на наградата „Актер на Европа“, која годинава и припадна на унагарската актерка и театарски режисер Енико Есењи, вечер во „Сарајот“ во Ресен почнува 21. издание на истоимениот интернационален фестивал.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) денеска во Гостивар продолжува со остварување отворени средби со претставниците на граѓанскиот сектор и институциите на локално ниво.
Како што посочи на денешната прес-конференција директорката на театарот Катарина Илиевска Силјановска, претставата претставува едно модерно читање на романот на Мери Шели и се занимава со темата за создавањето на чудовишта во секојдневието и општото прифаќање на нив.