Доближување на децата до книгата е целта на завршниот дел на проектот „Книгата другар на децата“ што деновиве го реализира НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.

Дваесеттина деца од општинските основни училишта „Св. Климент Охридски“, „Братство – Единство“ и „Григор Прличев“ овие десет дена ќе се дружат со вработените во Библиотеката кои ќе се обидат да ги внесат најмладите во светот на книгата, токму на нејзиниот извор – библиотеката.

Како што појаснуваат од библиотеката, целта на проектот е доближување и имплементација на книгата како извор на информација преку која децата можат да се здобијат со знаења од областа на науката, техниката, астрономијата, природата... За време на часовите децата ќе може да го искористат својот талент за пишување и цртање.

Проектот е одобрен од Министерството за култура на Република Северна Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2023 22:17