Во Националната опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава „Ана Каренина“ од Петар Илич Чајковски.
Со два фестивалски денови и настап на 17 хорови и околу 600 хористи, Меѓународниот хорски фестивал ТЕХО одбележа јубилејни и историски 50 години постоење.
Објавата на расказот „Сонот на Ангеле Богев“ е проследена со воведен текст како и со авторска биографија на македонскиот писател, преземена од хрватскиот портал Кnjiževnost.hr.
Свечено отворање на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, ќе се одржи денеска во амфитеатарот на Институтот.
Во „Македониумот“ во Крушево синоќа беше претставен мултимедијалниот проект „Керамикум во мермер“ на прилепскиот уметник Емил Солески. Проектот е во рамките на Крушево - град на културата за 2023 година.
Претседателот на ТЕХО, диригентот Ивица Зориќ пред публиката во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ потсети дека цело Тетово живеело за хорската музика пред пет децении.
Со оваа изложба, на 16 јуни годинава беше отворено 18. издание на АКТО фестивалот за современи уметности. Станува збор за групна изложба на 18 дела од 20 македонски уметници, која ќе биде отворена за посетителите во Софија до 29 јули.
Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“ на НУ Македонскиот народен театар вечер ќе се прикажува во рамките на италијанскиот фестивал „Монте Сакро“ во Фоџа.
Оценувајќи ја како успешна, Министерството за култура потенцира дека турнејата се покажа како извонредна демонстрација на моќта на културата и креативноста и нејзината единствена способност да ги зближи луѓето во дух на меѓусебно разбирање и почит.
Виолета Танчева-Златева со нејзината песна „Севселенска“ е годинашна лауреатка на шестиот меѓународен конкурс „Антево слово“, распишан од Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“