Свечено отворање на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, ќе се одржи денеска во амфитеатарот на Институтот.

На отворањето најавено е обраќање на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, заменик-министерот за образование и наука Агим Нухиу и ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски.

Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ќе траат до петок.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2023 10:09