Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во рамки на посетата на Белград имаше работна средба со потпретседателката на Владата на Република Србија и министерка за култура Маја Гојковиќ.
Во тек е конзервацијата на палатата на локалитетот „Билазора“ во Свети Николе, која ја реализираат тимови од Завод и музеј на град Штип и Филозофски факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје.
Ова е прв поголем настан во рамки на иницијативата Отворен Балкан во рамки на културата, изјави во Белград министерката Бисера Костадиновска Стојчевска.
Монографијата „Илинденската споменица“ од Кочо Топузоски вечер ќе биде промовирана во паркот на книгата на Матица Ексклузив во Скопје. За содржината на ова издание на издавачката куќа „Панили“ ќе зборува поетот и пубицист Георги Барбаровски.
Синдикалната организација на Македонска филхармонија при СКРМ изразува задоволство од промената на владината одлука Џез-оркестарот да не биде сместен во нивните простории и што, сплотени, успеале во оваа битка.
Автори на филмовите од оваа селекција се Станислав Дончев, Јордан Тодоров, Борислав Колев, Андреј Паунов, Светослав Стојанов , Коста Биков, Тонислав Христов, Елдора Трајкова, Панчо Цанков и Анри Кулев.
Новоформираната Национална установа Џез оркестар, со одлука на Владата, ќе има нова трајна адреса, под Националната опера и балет, информираше на денешната прес-конференција министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
По повод Светскиот ден на бегалците и 75 години од егзодусот на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија, во замок Линхартови на границата меѓу Чешка и Полска, отворена е изложбата „INTERITUS MACEDONUM“ (Истребување на Македонците) од авторот Георги Дуртаноски.
Како што информираа претставниците од Центарот за балканска соработка „Лоја“, проекциите на филмовите ќе бидат на отворено, во амфитеатарот во дворот на Музејот на Комунистичката партија во Тетово.
Со концерт на Факултетот за музичка уметност „Вруток“ во фоајето на Националната опера и балет (НОБ), утре официјално ќе биде отворено „Скопско лето 2023“. Фестивалот почнува на првиот ден на летото и на Светскиот ден на музиката.