Од денеска до 27 јуни, во Кинотеката ќе се одржи Неделата на бугарски документарни филмови.

Во седумте вечери посветени на авторите од новиот документаристички бран на бугарската кинематографија, како и класичните автори, посетителите ќе имаат можност да проследат 10 краткометражни и долгометражни наслови.

Автори на филмовите од оваа селекција се Станислав Дончев, Јордан Тодоров, Борислав Колев, Андреј Паунов, Светослав Стојанов , Коста Биков, Тонислав Христов, Елдора Трајкова, Панчо Цанков и Анри Кулев.

-Продуцентката Мартичка Божилова, сценаристката Петја Александрова и филмскиот критичар и историчар на филмот Росен Спасов ќе бидат гости на оваа кинотечна програма и публиката ќе има можност да разговара со нив по проекциите на филмовите, информираат од Кинотека.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2023 13:20