Наградата на добитникот Блаже Миневски ќе му биде врачена на 15 јуни на свеченото затворање на Рациновите средби кои во Велес се одржуваат со богата програма од денеска до 15 јуни.
Името на лауреатот ќе биде објавено во октомври, на свечена церемонија на доделувањето на наградите „Јаснаја Полјана“. Наградата jа добиваат писателот и преведувачот.
Мандолинскиот оркестар „Скопје“ од денеска до 11-ти овој месец ќе учествува на интернационалниот мандолински фестивал во Измир, Турција.
Од Филхармонијата најавуваат дека нивниот протест ќе продолжи се до конечната промена на одлуката.
На отворањето, од 20.30 часот е најавено да се обратат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, и уметничкиот директор на фестивалот, Ана Стојаноска.
Како главен гостин на ова издание е светски познатото дуо „Штајнер/Хохвартнер“ составено од Питер Штајнер на тромбон и Констанце Хохвартнер на пијано, информираат од Здружението „Макбрас асоцијација“.
Во рамки на прославата на 75-годишнината од своето основање, српскиот ансамбл „Коло“ вечерва во Центарот за култура во Битола ќе одржи концерт со ансамблот „Танец“, како дел од регионалната турнеја наречена „Колодром“.
Љубителите на кулинарските специјалитети ќе имаат можност да уживаат во избор на јадења од српската национална кујна на традиционалната српска вечер што ќе се одржи во Скопје во хотел Лимак.
Раде Наумчевски кој ја има улогата на Мирослав Кокањац вели дека толкува лик кој успева да го каже она што многу малку луѓе осмелувале да го направат.
Таа е задоволна што конечно е во штипскиот Театар и работи со ансамблот. Рано е да се каже како течат подготовките, бидејќи пробите само што започнале, но тимот се надева на успешен резултат. Премиерата би требало да се случи за дваесетина дена.