Македонскиот режисер Стола Попов е годинашниот лауреат на почесната награда „Живојин Жика Павловиќ“ во Р.Србија за промоција на балканската кинематографија во светот, јави дописникот на МИА од Белград.
Со претставата „1984“ од Џорџ Орвел, во режија на Игор Менџиски, а во изведба на Националниот театар од Приштина, синоќа на сцената на Албанскиот театар во Скопје беше отворено 18-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Скупи фестивал“ - Скопје.
Филмскиот фестивал „Киненова“ вечерва свечено се отвора со првиот македонски долгометражен анимиран филм.
Најстарото и единствено македонско радио посветено на промоција на џез-музиката, „Џез ФМ“, стартува со нова програма и онлајн-стриминг.
Конкурсот трае од 14 до 25 октомври 2024 година, а може да учествуваат автори од Република Северна Македонија и автори од дијаспората коишто пишуваат на македонски јазик, како и автори од целиот свет.
Одлуката за наградата, во отсуство на Миладинова, жири-комисијата ја соопшти вчера на затворање на фестивалот
Институтот за македонски јазик ќе има посебно внимание од Владата и во фокусот ќе биде развитокот на јазикот и чувањето на идентитетот.
Костимите се на Раде Василев и Елена Вангеловска, композитор е Сашко Костов, а изведбата на музика во живо е Сашко Костов и Орхидеја Дукова. Кореографијата на сценски движења е на Васил Зафирчев.
На денешната прес-конференција, Љутков посочи дека Универзалната сала е преземена од Град Скопје на незаконски начин со бројни прекршувања на законските прописи во постапката за преземање и во постапките на спроведување на јавните набавки.
Изложбата „Пресеци“ на македонските уметници, Стефан Анчевски и Марјан Стојановски, ќе биде отворена во македонскиот културно-информативниот центар во Загреб, информираа денеска уметниците.