ЈУ Детски културен центар – Карпош, Скопје традиционално и годинава ќе ја реализира манифестацијата „Цртање на асфалт“ по повод 24 Мај, Денот на македонските просветители Св.Кирил и Методиј.
Во рамките на манифестацијата Денови на македонската култура, „Допир на Македонија“ што годинава по 13-ти пат се одржува во Белград, во организација на здружението „Македониум“ од Белград, денеска ќе се одржи вечер посветена на Васил Хаџиманов.
Во Битола пристигнаа над 120 млади ликовни уметници и ликовни педагози од Кина, Индија, Романија, Полска, Словачка, Турција, Бугарија, Србија, кои заедно со своите врсници и колеги од Северна Македонија ќе учествуваат на 42. издание на ликовната колонија „Мал битолски Монмартр".
Во Мултимедијалниот културен центар „Матица Ексклузив“ во Скопје денеска напладне ќе биде одржана поетска средба со авторките од „Битолскиот книжевен круг“.
Програмата ќе биде одржана во големата сала на ПАН театарот од 19 часот.
Ѓоко Симјаноски роден е во Скопје во 1947 година, a oсновното образование го стекнал во Охрид, Тетово, с. Вруток и Гостивар. Средно техничко училиште, електро насока, завршил во Скопје. Високата техничка школа, електро насока, ја завршил во Битола.
Тој наградата ја доби за толкување на ликот на Морган Смит, кој е еден од последните борци за спас на планетата Земја во претставата „Пчелите ќе умрат“.
Мотото на годинешното издание на фестивалот гласи „Сè е филм, во множина“, и е инспирирано од големиот филмски великан од Францускиот нов бран Жан-Лик Годар (1930-2022) за кого Фестивалот подготвува специјален интерпрограмски фокус.
Меѓународниот Драмски аматерски фестивал (ДАФ) во Кочани почнува денеска со театарско музички перформанс „Театарот е жив“ и гостувањето на народниот театар од Велес со претставата „Синиот протокал“, во знак на 60-годишниот фестивалски јубилеј.
Фестивалот „5 ре“е посветен на еден од најголемите македонски актери велешанецот Петре Прличко, а го организира Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ под покровителство на Општина Велес.