Актерот на струмичкиот театар, Игор Тодоров ја доби наградата за најдобра машка улога на на 33. НФМТФ-Национален фестивал на малите театарски форми - Враца 2023 и 11. Меѓународен фестивал НЕТА, што се одржа во Враца, Бугарија, информираа од Народниот театар „Антон Панов“.

Тој наградата ја доби за толкување на ликот на Морган Смит, кој е еден од последните борци за спас на планетата Земја во претставата „Пчелите ќе умрат“.

Претставата е по текст на Иван Вирипаев, а режијата е на Драгана Таневска во копродукција на НТ „Антон Панов“ и ФКТ „Ристо Шишков“. Улогите покрај Тодоров ги толкуваа и Ангелина Тренчева Ангелова и Танкица Стојанова.

Премиерата на претставата беше на 7 овој месец на сцената на струмичкиот театар, а ова е нејзино прво фестивалско гостување.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2023 02:16