Македонската современа сликовница ќе биде во фокусот на конференцијата што Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ ќе ја организира на 25-ти мај во Музејот на град Скопје.
„Завод и Музеј Струмица“ изработува проект за конзервација и реставрација на Спомен костурницата во Струмица, во која се положени моштите на загинатите борци од НОАВ.
Локалната установа Градски Музеј Крива Паланка започна со реализирација на проектот „Денови на уметноста 2023“. Проектот се состои од три уметнички работилници, графичка, скулпторска и ликовна.
Соопштувајќи ја пак наградата за актерката Матеа Јанковска, која исто така беше донесена едногласно, жирито со одбрани зборови оценува дека „Матеа опитно ги анимира куклите, енергично и од срце создава лик на храбро и смело девојче, користејќи широк спектар аниматорски и актерски вештини“.
Издавачкиот центар ,,Антолог“ од Скопје ја објави најновата поетска книга на Ристо Лазаров ,,Срце во мозокот“.
Националната турнеја на проектот се случува во партнерство со универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, „Националната мрежа против семејно насилство“ и локални партнери од десетте града во Македонија, кои се занимаваат со култура и темата на родово еднаквост и родово базирано насилство.
Концерт на хорот на Национална установа Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ и промоција на книги ќе бидат одржани вечер во Музеј на револуционерната борба. Програмата е во рамките на фестивалот „Денови на македонска музика 2023“ на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ.
Манифестацијата „Денови на македонската култура“ е отворена во Белград со изложбата на слики „Очите гледаат се“ на авторката Гордана Јаневска, во галеријата „Никола Радошевиќ“.
Фестивалот ќе почне со претставата „Инферно“ на театарот „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ од Велес на 9 јуни во Прилеп. До 16 јуни Фестивалот ќе прикаже вкупно девет претстави во официјалната конкуренција.
Тој напомена дека испратиле писмо и до премиерот Димитар Ковачевски, во кое бараат средба, но и негово вклучување во решавање на овој проблем.