Локалната установа Градски Музеј Крива Паланка започна со реализирација на проектот „Денови на уметноста 2023“. Проектот се состои од три уметнички работилници, графичка, скулпторска и ликовна.

- Започнавме со графичката работилница што ја водат двајца млади графичари од Крива Паланка, Стефан Младеновски, магистер по уметност и Стефан Јакимовски, постдипломец и демонстратор на Факултетот на Ликовни уметности во Скопје, отсек графика. Отворањето на проектот токму со графичка работилница од причина што оваа ликовна дисциплина е малку позната и слабо застапена. По вовед во графиката, продолживуваме со изработување линорези и техниката наречена „длабок печат“ или попозната како „сува игла“, информира Ѓорги Костовски, од Градски музеј Крива Паланка.

Во следните денови ќе се одржат останатите две работилници кои исто така ќе ги менторираат стручни и докажани академски уметници од Крива Паланка.

-Суклпторската работилница ќе се реализира под менторство на академските вајарки, Нела Јанковска и Анета Симоновска. Ќе се работи на моделирање на две различни теми и мотиви.Трета е сликарската работилница што ќе ја води Роберт Цветковски, а во сите активности учествуваат ученици од СОУ "Ѓорче Петров" и ООУ "Илинден", Крива Паланка, додава Костовски.

Работилниците се одржуваат повеќе денови, а делата од младите уметници ќе бидат презентирани во заедничка изложба по завршувањето на сите работилници.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2023 14:47