Во Битола се одржа работилница за музички менаџмент „Како до успешен музички букинг“ наменета за независната музичка сцена во овој град.
Ансамблот на НУ Народен театар-Битола ќе настапи на сцената Artturbina на Народниот театар во Тирана каде за тамошната публика ќе биде изведена претставата „Артуро Уи“ од Бертолт Брехт, во режија на Ќендрим Ријани.
Годинешната максима, „Сè e филм, во множина“, на ниво на синтакса, повторува една Годарова постапка: брзиот и неочекуван монтажен засек. Затоа и запирката, која не е чест гостин во слогани, тука ни се чини и сосема посакуванa.
Во Културно-информативен центар – Скопје, Салон Империјал 2 вечер ќе биде отворена изложбата на керамики од Соња Поповска Трајковска „Животни“. Изложбата ќе биде отворена до 15 мај.
Андоновски е трикратен добитник на ова признание, прв пат во 2001 година за „Папокот на светот“, а во 2012 година за романот „Ќерката на математичарот“.
Заинтересираните (студенти и искусни професионалци) може да аплицираат со кратки, студентски и документарни филмови на повикот кој ќе биде отворен до 26 јуни.
Илијевска, како нивна колешка, е своевиден домаќин на уметниците кои се редовни гости на нашата држава, а посетата ја отпочнуваат од Североисточниот регион, од Куманово и соборниот храм на Св.Никола, по што отпочна предвидениот манастирски престој.
Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта започна со реализацијата на манифестацијата „Денови на македонска култура во Будимпешта 2023“, оваа година посветена на јубилејот 35 години македонски јазик на универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта.
Јубилејното 35. издание на Саем на книга веќе е во полн ек, а организаторот посочува на позитивен раст од 25 проценти поголема посетеност во првите три дена од годинашниот Саем во однос на минатата година.
Збирка со дваесетина раскази на Осман Демири „Назад во минатото“ (Kthimi në të kaluarën), синоќа беше промовирана пред гостиварската публика и љубители на пишаниот збор во Ај кен центарот (iCan) во Гостивар.