Националната галерија на Република Северна Македонија се придружува кон одбележувањето на Меѓународниот ден на промоција на културното наследство - 18 Април. За таа цел, оваа институција денека ги отвора вратите за посетителите, особено за најмладите.
Во Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе се одржи настан „Во име на новото“, чија цел е да се промовира новото творештво на неколку македонски автори – членови на ДПМ.
Изложбата се состои од избор од 25 фотографии од истоимениот циклус и претставува еден вид омаж на Скопје.
По повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети денеска влезот во сите музеи и археолошки локалитети во земјава ќе биде слободен.
Носител на конкурсот е Литературниот клуб „Калин“ од НУЦК Крива Паланка, а најдобрите творби ќе бидат наградени.
Влезот во Музејот на современата уметност – Скопје (МСУ) утре ќе биде бесплатен за сите посетители по повод 18 Април, Светскиот ден на културното наследство. Музејот ќе работи во своите редовни термини од 10 до 17 часот, информираат од установата.
На Калето се работи фазно само за определен дел и само за тоа има предвидено средства од државниот буџет преку Министерството за култура, велат од установата.
Сарџоска е прва македонска поетеса поканета на овој свечен меѓународен поетски фестивал кој оваа година се одржува по шеснаесетти пат и на кој ќе учествуваат поети од Италија, Шпанија, САД, Кина, Аргентина, Иран, Велика Британија, Шведска, Естонија и Грција.
Самостојна изложба на минијатури на Валентина Илијевска вечер ќе биде отворена во Галеријата „КО-РА“, во Домот на култура „Кочо Рацин“ - Скопје.
На оваа изложба, прва од овој карактер, беше презентирана кратка историја на Ромите, нивниот број низ државите во светот, најважни датуми за Ромите, кои се одбележуваат секоја година, како и кои светски познати личности имаат ромско потекло.