Воведно обраќање ќе има претседателот на друштвото, академик Витомир Митевски, а на средбата ќе учествува и амбасадорот на Унгарија во Македонија, Андраш Клеин.
Детскиот културен центар – „Карпош“, покрај 75 годишниот јубилеј, оваа година петти јубилеен пат ќе го организира Фестивалот и натпревар на народни и класични инструменти „Инструментите на моите предци“. Фестивалот ќе се одржува од денеска до 13 април под покровителство на Град Скопје.
Националната установа „Струшки вечери на поезијата“, соопшти дека чествувањето го организира во соработка со Амбасaдата на Кралството Шпанија.
Според Петров, свесно уништување и прикривање на културно наследство е кривично дело.
Во склоп на серијалот „Саеми во пролет“, Скопски Саем со поддршка од Министерството за култура, како покровител на саемот го организира 35. Меѓународен Саем на книгата, кој годинава се одржува под мотото „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“.
Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ вечер во Националната опера и балет со почеток во 20 часот, ја започнува својата 74. сезона, традиционално, со голем Велигденски концерт.
Прозната фантазија „Корто Малтезе во скопската чаршија“, е најновата проза на писателот Томислав Османли објавена во превод на турски јазик во електронското списние „Kritikbu” (kritikbu.com).
Во изложбениот салон на КИЦ вечер ќе се одржи промоција на новата поетска книга „Глуво време“ од истакнатата македонска поетеса Виолета Танчева-Златева.
Во КСП Центар-Јадро во Скопје денеска ќе се одржи семинар „Вовед во критичка психологија“ со проф. др. Атанасиос Марвакис од Грција.
Музиката беше на Сашко Костов кој во живо со разни рециклирани инструменти и гласовна изведба ја пратеше играта на двајцата актери. Драматург е Сашо Димоски, Филип Коруновски автор на сценскиот дизајн и плакатот на претставата а камерите на Данчо Стефков и Александар Костов.