Во изложбениот салон на КИЦ вечер ќе се одржи промоција на новата поетска книга „Глуво време“ од истакнатата македонска поетеса Виолета Танчева-Златева.

Збирката што се закити со „Антев златник“ во 2022 година, излегува во издание на Издавачки центар ТРИ. Илустрацијата на корицата ја изработи Стефан Златев, а дизајнот е на Ана Ќортошева. Промотор ќе биде д-р Атина Цветаноска, книжевен истражувач и член на жирито за наградата „Антево перо“, а настанот ќе го модерира Александра Јуруковска, активен проследувач на книжевните објави кај нас. Стиховите со својата интерпретација ќе ни ги доближи актерот Теоман Максут.

Новата поетска книга на Танчева-Златева се разликува од нејзините осум претходни стихозбирки со тоа што го повикува поединецот да го разбуди во себе патриотското чувство, покажувајќи му како (не) се сака татковината.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2023 09:15