Концертот насловен „Македонски подобро звучи - Едиција 4” почнува во 21:00 часот, а е поддржан од Министерството за култура и Македонскиот народен театар.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на свеченото отворање на 3. Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ 2024 што се одржува под нејзино покровителство, во организација на НУ „Театар за деца и младинци - Скопје“.
„Концерт за лажици и гитара“ е авторски проект на Никола Недиќ и Марио Јовев во кој на многу духовит и сатиричен начин ги допираат проблемите од секојдневниот живот како што се корупцијата, криминалот, капитализмот и иселувањето на младите.
Културното наследство и неговото ставање во функција на одржлив економски и социјален развој, според Љутков, отвора низа можности за соработка и размена на знаења и искуства меѓу Западен Балкан и Европската Унија.
Со претставата „Графити“ во изведба на театарот од Прешево и доделувањето на наградите за најдобрите, доцна синоќа, заврши 23. Издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“, кој традиционално се одржува во Дебар.
На програмата на годинашното издание на фестивалот на античка драма вечер во 20 часот љубителите на театарската уметност ќе имаат можност да ја проследат претставата „Пенелопиада“ на Театар „Младип“ од Унгарија во режија на Золтан Балаж.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, на маргините на Вториот министерски состанок на управувачките платформи на Западен Балкан, имаше билатерална средба со министерката за култура и медиуми на Црна Гора, Тамара Вујовиќ.
Во Скопје пред неполни четири месеци, културата за првпат стана дел од Управувачката платформа за култура, истражување и иновации, образование и обука за земјите од Западен Балкан.
Мултимедијалниот уметник Љупчо Каров, академскиот сликар Владимир Темков и драмскиот актер и продуцент Јовица Михајловски се добитници на наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста.
Нов закон за култура подготвува Министерството за култура и туризам, а наскоро ќе биде подготвен и нацрт за нова национална стратегија за културата, соопшти денеска министерот Зоран Љутков.