Драмското студио „Летечка театарска трупа“-Тетово се подготува за премиерна изведба на претставата за деца „Пепелашка“ во режија на Владимир Јовановски.
Во Битола концертот ќе се одржи на 4 април во Центарот за култура, а веќе следниот ден, 5 април, во Скопје во Националната опера и балет.
Сценариото и сонговите ги потпишува Ристо Самарџиев, визуелната магија е доловена преку костимите на Елена Вангеловска и сценографијата на Љупчо Јованов. Музиката ја потпишува Владимир Дојчиновски -Дојчин, режијата е на Ирена Лозинска а продукцијата на М- Соунд.
Проектот „Landscape Experience“ или „Пејзажно искуство“ на Мотеска и Јанкулоски претставува осмо учество на Националната галерија како официјален организатор на нашата земја на Биеналето во Венеција.
Општина Велес денеска го распиша конкурсот за собирање на предлози за добитник на традиционалната актерската награда за животно дело „Петре Прличко“.
Дигитализацијата на архивскиот материјал е главна тема на состанокот на директорите на националните архиви од државите сукцесори од поранешна СФРЈ овластени од своите влади за спроведување на Анекс Д од Спогодбата за сукцесија, која се однесува на заедничкото архивско наследство
Оркестарот на Филхармонија вечер ќе го изведе концертот „Кадифе“, посветен на опусот на американскиот композитор Арон Копланд
Мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“ („Landscape Experience“) на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска од 59. Венециско биенале 2022 вечер ќе биде поставен во објектот Чифте амам
Одлука за основање национална установа „Центар за култура на турската заедница во Република Македонија“ – Скопје е донесена денеска на седница на Владата, на предлог на Министерството за култура.