Движечки сили во животот ми се дизајнот, модата и музиката, вели уметницата Еми Норис, чиишто дела деновиве беа изложени, пред љубителите на уметноста во галеријата „КО-РА“
На големата сцена на Националната опера и балет вечер, со почеток во 20.00 часот, ќе биде изведена обновената балетска претстава „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски. Втората изведба е закажана за 12 април, известуваат од НОБ
Изложбата на слики „Минливост“ на Тони Попов вечер, во 19:30 часот, ќе биде отворена во Културно-информативниот центар – Скопје, во Салон Империјал 2 и ќе трае до 13 април
Премиера на театарската претстава „Ле Кретен“ е на вечерашниот репертоар на штипскиот театар. Новата претстава е во продукција на Народниот театар Штип (НТШ), а приказната е за осаменоста, опсесијата и посесивноста раскажувана преку приказната на фотографот Пињон.
Гостиварски театар, најмладата театарска установа во земјава, по повод Светскиот ден на театарот најави нова претстава која би требало премиерно да се изведе кон крајот на мај оваа година.
Во македонската порака, актерката Ајдини, меѓу другото порачува драмите, трагедиите, не треба да се одвиваат на ниедно друго место, освен на театарската сцена. Затоа, кажете им не! на тие што прават светот да крвави; бидејќи секое наше противење се брои. И, се разбира: повелете во театар.“
Излезе од печат драмскиот ораториум „Баница 1903 - Стратегот на македонскиот универзум“, кој авторот Зоран Пејковски го посвети на 120-годишнината од погибието на Гоце Делчев.
За театарот, додава министерката, се вели дека е магично место каде што се е можно. Тоа е, посочува, место каде што можеме да се соочиме со најдлабоките прашања на човековото постоење и преку моќта на раскажувањето, можеме да ги најдеме одговорите кои ни бегаат во секојдневниот живот.
Во своето излагање таа се задржа на поетската збирка „Пејач во кулата” за која во 2017 година Влада Урошевиќ jа доби највисоката руска награда за поезија „Златен витез”.
Македонскиот народен театар соопшти дека по повод Светскиот ден на театарот - 27 Март публиката ќе има можност бесплатно да ја гледа претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак.